Копенхаген добива мост висок 65 метри што ќе поврзува два облакодера

42

Copenhagen-Gate_Steven-Holl-Architects_Pedestrian-bridge_dezeen_1568_2Главниот град на Данска, Копенхаген ќе добие мост за пешаци и велосипедисти што ќе се издигнува 65 метри над морето, пишува Dezeen.

Мостот ќе поврзува два облакодера коишто ќе се издигнат од двете страни на пристаништето. Кулите ќе бидат истовремено хотел и деловен простор, додека тежината на мостот ќе ја крепат челични кабли.

Долниот дел ќе биде обоен во светло портокалова и жолта боја, а неговата алуминиумска надворешност ќе свети навечер создавајќи рефлексија во морето.

Мостот наречен Copenhagen Gate е дело на Steven Holl Architects, компанија што пред седум години победи на изборот за проект што ќе ги поврзе двете страни од пристаништето.

Конструкцијата, како што велат од компанијата, беше одложувана поради светската економска криза, а истата се очекува да започне од следната година.

Copenhagen-Gate_Steven-Holl-Architects_Pedestrian-bridge_dezeen_936_1

Copenhagen-Gate_Steven-Holl-Architects_Pedestrian-bridge_dezeen_936_3 (1)