Korean Air даде понуда за купување на Czech Airlines

20

CSA: Airbus A319 OK-NEMЈужнокорејскиот авиопревозник Korean Air потврди дека предал официјална понуда вредна “неколку милиони долари” за 44% удел во чешкиот Czech Airlines (CSA). Доколку биде прифатена понудата, ова на јужнокорејската компанија ќе и биде прва инвестиција во друга авиокомпанија.

Korean Air објави дека нема да бара контрола во управувањето над чешкиот државен авиопревозник.

“Понудата го поддржува настојувањето на Korean Air да ја зајакне својата европска мрежа”, изјави портпаролот на компанијата, која засега нуди услуги на патнички превоз до 11 европски градови.

Чешката влада го одреди март како рок за доставување понуди за CSA, чија вредност е проценета на 5,8 милиони евра. Претходно интерес за купување на удел покажа Qatar Airways, но сепак од компанијата соопштија дека нема да учествуваат во надавањето.

Ова е втор обид за продажба на оваа авиокомпанија. Првиот обид пропадна во 2009 година.