Korean и Eva Air со најголем интерес за стратешки партнери на Croatia Airlines

10

Croatia_Airlines

Владата на Хрватска во потрагата по стратешки партнер за Croatia Airlines од почетокот на оваа година го ангажираше IFC, фондот на Светска банка којшто во меѓувреме го провери интересот на европските и светските авиопревозници за хрватската национална авиокомпанија, пишува Вечерњи лист.

Засега најголем интерес за Croatia Airlines покажале јужнокорејскиот Korean Air и Eva Air од Тајван.

Korean Air е една од најголемите азиски авиокомпании со флота од 153 авиони од кои 125 се патнички, а 28 за карго превоз. Авионите на јужнокорејскиот авиопревозник сообраќаат на 128 дестинации во 45 земји.

Тајванскиот авиопревозник минатата година превезол 8,9 милиони патници со вкупно 65 авиони, а лета на 72 дестинации.

Советниците од IFC би требало до почетокот на октомври да предложат најдобар модел за приватизација на хрватската авиокомпанија. Потоа, би требало да биде распишан и јавен оглас, само во случај да има заинтересирани компании. Првиот оглас за приватизација на Croatian Airlines пропадна бидејќи ниту една компанија не се пријави. Тогаш како потенцијални стратешки партнери се споменуваа индонезиската Garuda и неколку кинески авиокомпании.