Корисни совети од луѓе кои успеаја во бизнисот

360

Личности кои успеале да започнат сопствен бизнис и да бидат успешни во тоа што го работат издвојуваат некои од советите по кои се воделе во својата кариера.

“Научете да бидете говорник“, советува Тим Вестергрен, основач на американското радио Pandora.

Од сите вештини кои еден претприемач треба да ги има, ова е најважна. Способност некои идеи да се пренесат со самоувереност и елоквенција води до успех.

“Велат облекувајте се за работата којашто ја сакате, не за работата којашто ја имате, а јас велам работете ја работата којашто ја сакате, а не работата што ја имате“, вели Дан Кристо, основач на маркетинг компанијата Triberr.

“Само затоа што на некој верувате не значи дека треба да зависите од него“, рече Фархад Мехер, основач на агенцијата за веб дизајн Brightlabs.

“Прво изберете каде сакате да живеете и кои се луѓето со кои сакате да се дружите и соработувате“, вели Мајкл Волф, основач на Pipewisе.

“Научете да кажете НЕ“, советува Крис Прескот, основач на веб страната Fantasy Shopper.

“Бидете многу пребирливи кога вработувате луѓе“, вели Питер Берг, основач на компанијата October Three.

“Некогаш работите понапорно, а некогаш поинаку“, вели Џереми Ли, еден од основачите на инвестиционата компанија Lightspeed Venture Partners.

Фото: Pixabay