Корисни совети за самоменаџирање

36

liderstvo-1-pixabay

Фото: Pixabay

Секој човек треба да умее да прифати одговорност за своите постапки во целост. Што е уште поважно – ако не успеете сами да се менаџирате, тогаш давате можност другите да ве менаџираат. За да не биде тоа така, во прилог се неколку кратки лекции.

Гледајте на секоја нова можност како ново возбудливо животно искуство, без разлика за што се работи.

Ако се најдете во ситуација да се грижите за следната задача што треба да ја завршите, направете го тоа во моментот за да престане да ви го одвлекува вниманието.

Создадете си навика да го завршувате тоа што сте го започнале.

Откажете се од “времето на чекање”. Потрудете се секогаш да имате некаков проект/задача на којашто ќе работите. Тоа може да биде едноставен план со дневни обврски, извештај или пак прочитани страници од книга.

Престанете да се грижите. Најголем број од работите за коишто се грижите не се случуваат.

Ветете си дека позитивно ќе и пристапите на следната задача, без разлика каква е.

За оние работи што не спаѓаат во вашиот домен на знаења и умеења побарајте/најмете стручна помош.

Планирајте ја иднината, но живејте во сегашноста.

Водете евиденција на што најмногу го трошите времето и барем два пати во годината направете анализа што од тоа е продуктивно, а што залудно потрошено време.

Практикувајте да работите една задача во одредено време. Оставете го мултитаскингот.

Преземете одговорност за вашите успеси, но и за неуспесите. Не барајте жртвено јагне.

На работните задачи не гледајте како “работа”. Трудете се да ги доживувате како предизвици.

Не заборавајте да се одморите барем за викендите. Најдобро би било да отидете некаде каде нема да размислувате за работата и добро ќе ги наполните батериите.

Секој ден одвојте неколку минути насамо да направите една ретроспектива на поминатите настани и доживувања.

Имајте на ум дека вие контролирате околу 50% од случувањата. Ако не сте задоволни со тоа што се случува, променете го начинот на однесување.

Наместо да размислувате и да се грижите за работите што не сте ги завршиле, сетете се на сите задачи што сте ги решиле. Фокусот нека биде насочен во позитивна насока.