Корисни тактики за справување со стресот

34

stres-3-pixabay

Фото: Pixabay

Стресот е тешко да се избегне, особено ако сте на функција каде многу луѓе зависат од вас. Сепак има нешто што може да ни помогне за полесно да се справиме со него – неколку добри тактики.

Размислете за тоа што го имате

Застанете за момент и размислете за она што го имате, за она што сте благодарни, за убавите моменти и саканите луѓе. Истражувањата покажуваат дека тоа го намалува кортизолот – хормонот на стресот за 23%.

Не се сомневајте

Одбегнувајте да си го поставувате прашањето, А што ако, Што би било…? Тоа само ќе ви додате масло на огнот. Ќе почнете да се сомневате во секој детал и да проектирате разни негативни варијанти. Оставете нештата да се случат.

Паузирајте

Многу е важно да ја направите потребната пауза кога ќе почувствувате дека ви треба оддишка. Едноставно исклучете се. Не е природно да бидете достапни 24/7.

Помалку кофеин

Кофеинот го поттикнува ослободувањето на адреналинот што ве прави премногу активни, но и помалку рационални. Премногу кофеин може физички да му наштети на телото и да ве направи нервозни. Уживајте во кафето, но строго во умерени количини.

Повеќе сон

Сонот ја зголемува емоционалната интелигенција и можноста за управување со стресот. Спиењето ја зголемува енергијата и ги елиминира непотребните мисли преку соништата. Ако сте добро наспани имате поголема самоконтрола, концентрација и меморија.

Поинаков поглед на нештата

Стресот и грижата можат да ја искриват нашата перцепција. Не можете секогаш да ги контролирате околностите во коишто се наоѓате. Обидете се да ги погледнете работите од друг агол и не реагирајте избрзано.

Поддршка

За да останете смирени треба да ги знаете вашите слабости и да побарате помош кога ќе ви затреба. Храбро е да пробате самите да ги решите проблемите, но вистинската поддршка значително ќе го намали стресот што го чувствувате.