Корисниците на Airbnb ќе плаќаат помала сума за резервации

9

airbnb-2384737_960_720Фото: Pixabay

Airbnb претстави нова услуга за своите корисници, наречена Pay Less Up Front со којашто се олеснува начинот на плаќање, пишува Tech Crunch.

Досега клиентите мораа да ја платат целата сума однапред, што не беше најдобра опција за оние што остануваат повеќе дена на одредената локација. Со новата услуга, сумата што треба да се даде однапред значително е намалена, додека остатокот од неа, корисниците го плаќаат непосредно пред чекирањето.

Ова доаѓа непосредно по услугата на Airbnb којашто овозможува поделба на плаќањето за групни патувања. Според компанијата за патувања, дури 40% од корисниците ја одбираат таа опција и се одлучуваат за поскапи аранжмани. Цената на плаќање пред резервацијата ја одредува Airbnb и тоа е обично 50% од целата сума.

Сепак, ова услуга важи само ако резервацијата е направена 14 дена пред пријавување од местото за престој и ако аранжманот не е помалку од 250 долари.