Корисниците на Uber ќе го учат знаковниот јазик

18

taxi-1999009_960_720-1

Фото: Pixabay

Американската компанија за превоз на патници, Uber ќе ги учи своите корисници да го користат знаковниот јазик за подобра комуникација со возачи со оштетен слух, пишува The Verge.

Тоа ќе може да се прави преку веб страната ubersignlanguage.com, којашто е продолжение на подвигот што компанијата го започна пред две години за вработување на повеќе возачи со оштетен слух.

Кога корисникот ќе наиде на возач со оштетен слух му се нуди опција да научи неколку основни знаци преку апликација, како на пример, “здраво,” “јас сум (вашето име),”, “благодарам,” како и инструкции од типот “свртете лево/десно”.

Uber ќе го спроведе ова низ повеќе од 200 градови во САД и низ светот каде што оперира.