Короната и долговите го заразија светот

23

Актуелната пандемија го зарази светот не само со вирус, туку и со долгови. Поради големите распределби за здравство и економијата, долговите на државата растат, а на личен план, оние што се разболеа короната им подготви дополнителен трошок.

Јавниот долг на еврозоната го надмина нивото од 100 % од бруто домашниот производ (БДП) во првиот квартал од 2021 година. За прв пат досега.

Според објавените податоци на статистичката агенција на ЕУ, Евростат, јавниот долг на еврозоната се зголеми на 100,5% од БДП во првиот квартал од 97,8 % на крајот на последниот квартал од 2020 година.

Во Европската унија тој сооднос се зголеми од 90,5 на 92,9 %. Грција имаше највисоко ниво на државен долг кон БДП на крајот на првиот квартал од 2021 година (209,3 %), потоа Италија (160), Португалија (137,2), Кипар (125,7) и Шпанија (125,2), Белгија (118,6) и Франција (118), додека најниско ниво има во Естонија (18,5), Бугарија (25,1) и Луксембург (28,1).

Според Еуростат од земјите -членки на ЕУ од поранешна Југославија, јавниот долг на Хрватска се зголеми на 91,3 % од БДП, додека во Словенија изнесува нешто помалку од 90 проценти.

Фото: Pixabay