Иако рестриктивните мерки во голема мерка се укинати, луѓето сè уште се плашат од вируси. Ова е една од причините зошто стоковните куќи и трговските центри низ целиот свет повеќе не работат со ист капацитет како порано. Поради тоа, но и зголемувањето на интернет купување, неизбежно е да се очекува дека ќе има промена во концептот на деловно работење на трговски центри кои се соочуваат со големи загуби.
Трговските центри, т.е. просторот што го зафаќаат, можат да продолжат да работат во плус само ако се претворат во алтернативни опции, како што се станови и канцеларии. Ова го истакна Џеф Блау, извршен директор на компанијата за недвижнини Related Cos.
Многу ланци, како J.C. Penney и Neiman Marcus поднесоа барање за банкрот, а фактот дека деловниот концепт ќе се смени е потврдено од фактот дека, како што објавија американските медиуми, луксузниот трговски центар во Менхетен со три ката на Neiman Marcusби можел да стане канцелариски простор.
“Ако донесеме технолошка компанија со 2.000 вработени, тоа ќе донесе многу повеќе работа од некоја друга, нова стоковна куќа“, рече Блау. Неговите колеги исто така мислат дека објектите со мешана употреба кои вклучуваат канцеларии, хотели и домување се добитна комбинација.
Фото: Pixabay











