Коронавирусот го одложи најголемиот светски спортски настан

49

Најголемиот спортски настан на глобално ниво, Олимписките игри, коишто беа закажани за крајот на јули оваа година, се одложуваат. Според Дик Поунд, член на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), Олимписките игри најверојатно ќе се одржат следната година.

“Врз основа на информациите што ги има МОК, одлучено е Игрите да се одложат. Мора да договориме уште неколку детали, но тие нема да започнат на 24-ти јули“, изјави тој за US Today.

Според него, последиците од одложување на овој голем светски настан ќе бидат огромни.

МОК беше пред голем притисок за одложување на Олимписките игри, па поради суспендирање на скоро сите спортски натпревари, поради пандемијата на коронавирус, одржување на Игрите во Токио беше доведено во прашање.

Досега Олимписките игри беа прекинувани само за време на Првата и Втората Светска војна во 1916-та, 1940-та и 1944-та година.

Фото: Pixabay