Коронавирусот го промени начинот на којшто се движи Земјата

295

Пандемијата што ја предизвика коронавирусот донесе хаос во животот и економијата ширум светот. Напорите да се намали ширењето на вирусите може да влијае и врз начинот на којшто се движи планетата Земја, пишува Nature.

Научниците што го проучуваат движењето на Земјата забележуваат пад на сеизмичката бука, односно вибрации во кората на планетата, што може да биде последица од прекинот на сообраќајната мрежа и голем број од активностите на луѓето.

Вибрациите што ги прават возилата во движење и непрекинатата работа на индустриските капацитети, предизвикуваат помали движења на Земјината кора исто како и природните настани како што е земјотресот. Иако ефектите се помали, тие заедно создаваат силен позадински шум поради што на сеизмолозите им е потешко да ги откријат другите сигнали што се јавуваат на иста фреквенција.

Сеиозмолозите во светот веќе го забележаа ефектот што карантинот во светот го има врз земјината кора.

Фото: Pixabay