Корпорацијата Toshiba основа нова компанија Toshiba Lifestyle

54

camileo_p100_lifestyle_front Корпорацијата Toshiba најави дека основала нова компанија Toshiba Lifestyle, која официјално ќе почне со работа од први април оваа година и ќе биде задолжена за секторот за компјутери, телевизори и бела техника. Досега, оваа работа ја обавуваше фирмата Digital Products & Services, а со спојувањето со Toshiba Home Appliances, која досега беше задолжена за куќните апарати и бела техника, од новата компанија се очекува да ги оптимизира трошоците во сите сегменти од работењето, како и работењето на ресурсите, во кои се вклучени и човечките ресурси и логистиката. Планирано е да се основаат нови проектни тимови за регионална стратегија и планирање на производство на странски пазари, кои ќе бидат под непосреден надзор на претседателот на компанијата.
Компанијата Toshiba Lifestyle, со своите работни активности ќе се фокусира на јакнење на продажбата во странство, посебно на пазарите во развој, вклучувајќи ги и Југоисточна Азија и Блискиот Исток.
Toshiba ќе продолжи со јакнење на работењето во подрачјето на производите за животен стил и услугите за создавање на синергија за интергрирани активности на дигиталните производи и бела техника, како и забрзано претставување на новите производи и услуги кои се создадени на заедничите технологии во двата сегменти на работење.