Вљубениците во рачно изработените часовници, но и оние кои го почитуваат ликот и делото на Наполеон Бонапарта ќе можат двете задоволства да ги спојат во едно, пишува британски Телеграф.
Австрискиот производител на часовници De Witt во лимитирано издание од 500 примероци ќе вгради влакно од половина милиметар од косата на Наполеон, така што секој часовник во себе ќе носи ДНК од оваа историска личност.
“Наполеон беше идеализирана личност уште кога беше жив, па кога се потстрижи луѓето ја собираа и задржуваа неговата коса“, вели главната извршна директорка на De Witt, Вивиен Де Вит.
Сопругот на Де Вит, кој е основач на компанијата за производство на часовници, е директен наследник на најмалиот брат на Бонапарта, Џером. De Witt е фабрика што произведува околу 1.500 часовници годишно, а вработува околу 60 лица.
Цената на луксузните часовници со ДНК на Наполеон е околу 8.000 евра.