Костиќ: МК група и Подравка ќе продолжат да преговараат

22

kosticСопственикот на МК група, Миодраг Костиќ, вели дека е можна соработка со Подравка, со која, како што вели, преговараат веќе половина година. Преговорите ќе ги продолжат и понатаму и можно е еден ден и да се здружат, пишува Б92.

Сопственикот на МК група, составена од 36 компании кои се занимаваат од производство на шеќер до продажба на софтвер, претходно во неколку наврати потенцираше дека компаниите во регионот мораат да растат за да се заштитат од преземање и за да излезат на глобалниот пазар. Според Костиќ, компаниите во регионот треба да размислат да се здружат и заеднички да настапуваат на големите пазари. Тој на земјоделскиот саем во Нови Сад во мај годинава зборуваше за идејата да се формира една голема компанија која би се викала АМАНП и во која би учествувале Агрокор, МК група, Атлантик, Нектар и Подравка.