Котација на државни обврзници

Македонска берза известува дека согласно поднесено барање од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија за котација на државни обврзници, почнувајќи од 26.02.2025 година на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација државните обврзници со следните карактеристики:

Вид на хв: државни обврзници без девизна клаузула
Вредност на емисијата: 670.000.000,00 МКД
Број на издадени хв: 67.000
Номинална вредност на една обврзница: 10.000 МКД
Датум на издавање: 17.02.2025
Датум на достасување: 17.02.2028
Каматна стапка: 3,65%
Шифра на тргување: М170228
ИСИН: MKMINF20GBS0

Вид на хв: државни обврзници без девизна клаузула
Вредност на емисијата: 3.199.000.000,00 МКД
Број на издадени хв: 319.900
Номинална вредност на една обврзница: 10.000 МКД
Датум на издавање: 17.02.2025
Датум на достасување: 17.02.2030
Каматна стапка: 3,90%
Шифра на тргување: М170230
ИСИН: MKMINF20GBT8