Ковид генерација без работа, мета на измамници

113

Тековната пандемија и кризата поврзана со неа донесоа многу немири, пред сè во областа на здравството и финансиите. Милиони преминаа на работа од дома, а добар дел од работниците останаа без работа.

Таквата неповолна ситуација се идеални за криминалците да вработуваат луѓе кои се без работа и да перат пари, велат експертите. Жртвите се претежно на возраст меѓу 21 и 30 години, а се наоѓаат во четири од 10 случаи.

Бројот на луѓе кои прават незаконски работи за квази-работодавци е зголемен во текот на изминатата година, соопшти британската служба за спречување измами Cifas. Банките соопштија дека криминалците објавувале лажни огласи за вработување на социјалните мрежи, насочувајќи се кон “ ковид генерација“ која се бори да најде нова работа.

Според BBC ова стана тренд во ерата на коронакриза, бидејќи огромен број луѓе се очајни што немааат приходи, а иднината е неизвесна. 

За што станува збор?

Криминалците сакаат да префрлаат пари преку сметки, за пред  банките да изгледаат помалку сомнителни.

Жртвите добиваат пари за да ја отстапат нивната сметка. Претежно млади мажи избираат ваков тип на “бизнис“. И тоа не е крај, за оние кои сакаат да се откажат, криминалците се закануваат со насилство.

Некои од санкциите за оние кои се фатени во измама се затворски казни, или идни финансиски потешкотии, како затворање банкарска сметка и отежнување на барањето за кредит или дури и потпишување договор за мобилен телефон. Се проценува дека во 2020 година имало 17.157 осомничени, што е зголемување за 5% во споредба со 2019 година.

Фото: Pixabay