Ковид ја забрза дигиталната трансформација на европската економија

19

Речиси половина од компаниите во ЕУ инвестираа во дигитализација како одговор на Ковид 19, а дигиталните компании поминаа подобро од недигиталните во пандемијата, бидејќи ја искористија кризата како можност да ја забрзаат дигитализацијата, објави Европската инвестициска банка.

Тие беа во просек попродуктивни и поиновативни, забележаа побрз раст и плаќаа повисоки плати, според новиот извештај на ЕИБ „Дигитализација во Европа 2021-2022: Докази од истражувањето за инвестиции на ЕИБ“.

„За време на пандемијата, дигиталната трансформација честопати беше клучна за опстанокот на бизнисите и ја забрза трансформацијата на европската економија“, рече Рикардо Мурињо Феликс, потпретседател на Европската инвестициска банка.