Ковид-кризата доведе до создавање рекорден број стартапи во САД

27
Ковид-19 кризата поттикна создавање на рекорден број на старт-ап компании во Соединетите Држави.

Приспособувајќи се кон сеизмичките промени на пазарот на трудот, Бирото за попис на САД соопшти дека ќе вклучи формирање на нови бизниси во официјалната владина статистика од 8 декември.

Стартапите се од суштинско значење за создавање работни места во земјата, а овој потег ќе помогне да се следи пулсот на претприемништвото додека економијата закрепнува од шокот.

Дали подемот од ерата на пандемијата ќе продолжи е отворено прашање, рече Џон Халтивангер, професор по економија на Универзитетот во Мериленд и виш соработник во Бирото за попис. Податоците ја надополнуваат делумната слика што ја нудат извештаите како што е месечниот извештај за работа, рече тој.

„Сосема е впечатливо што во првата половина на 2021 година не само што има скок на апликациите за нови бизниси, туку и скок на заминувања“, вели Халтивангер. „Барем некои од луѓето што заминуваат не само што преземаат друга работа во друга компанија, туку всушност основаат своја компанија.“

Бирото за попис почна да објавува статистика за формирање бизнис, или BFS, како експериментални податоци во февруари 2018 година. Официјалните податоци ќе бидат месечни и ќе вклучуваат регионално и национално ниво. Во иднина, податоците би можеле да се поделат по раса, етничка припадност и други демографски категории, според Рон Џармин, вршител на должноста директор на Бирото за попис.

Развиени со помош на Федералните резерви, податоците ќе им помогнат на истражувачите кои долго време се мачеа навремено да добијат висококвалитетни информации за новите бизниси.

„BFS се покажа особено корисен за време на КОВИД-19 во следењето на неделниот раст на новите бизниси“, рече Џармин, „што им овозможи на политичарите, аналитичарите и истражувачите подобро да ја следат состојбата на претприемачката активност во Соединетите држави“.