Почетна Иновации kPAM- систем што им помага на роботите да ракуваат со секакви предмети

kPAM- систем што им помага на роботите да ракуваат со секакви предмети

34

Тим од лабораторијата за Компјутерски науки и вештачка интелигенција (CSAIL) при Универзитетот MIT,  создаде нов систем што им овозможува на роботите да ракуваат со било каков предмет без предзнаење за истиот.

Таканаречниот kPAM создава визуелни мапи на предметите коишто роботот може да ги распознава како “колекција на 3D точки“. Откако ќе ги детектира сите координати на еден предмет, тој одлучува што може да направи со него. На пример, ако е чаша за млеко роботот ја закачува за рачката на соодветно место и слично, пишува Engadget.

Научниците планираат да го развиваат системот за создавање на машини опремени со kPAMкоишто ќе можат да извршуваат сложени задачи како, на пример ракување со машина за садови и бришење на подови во кујна.

Фото: Youtube