Крај – Мекдоналдс го продава својот бизнис во Русија, по 32 години

61

„Мекдоналдс“ објави дека го почнал процесот на продажба на својот бизнис во Русија, каде што повеќе од три децении беше еден од најпопуларните западни брендови. Во март, две недели по почетокот на руската инвазија на Украина, „Мекдоналдс“ ги затвори сите свои 850 ресторани во Русија.

Како дел од напуштањето на рускиот пазар, компанијата очекува да забележи безготовинска наплата од околу 1,3 милијарди долари.

„Хуманитарната криза предизвикана од војната во Украина и ненадејното создавање на непредвидлива работна средина ја доведоа компанијата до заклучок дека продолжувањето на бизнисот во Русија е неодржливо“, соопшти „Мекдоналдс“.

„Мекдоналдс“ го отвори првиот ресторан на плоштадот Пушкин во Москва во јануари 1990, неколку месеци пред распадот на Советскиот Сојуз и до војната во Украина вработуваше 62.000 луѓе.