
„Парамаунт“ го затвора „Ем-ти-ви њуз“ и ја намалува својата работна сила во САД за 25 отсто, со што стави крај на ерата на вестите на култната музичка видео-мрежа, која некогаш покриваше теми од поп-културата до политиката и стана икона за една генерација.
Крис Мекарти, кој ја предводи Paramount Media Networks, во меморандум до персоналот рече дека и покрај „успехот“ на медиумскиот гигант во стриминг, компанијата сè уште „чувствува притисок од пошироки економски прашања, како и многу од нашите колеги“.
– Како резултат на тоа, ја донесовме многу тешката, но неопходна одлука да го намалиме домашниот тим за приближно 25 проценти. Со елиминирање на некои единици и рационализирање на други, ќе можеме да ги намалиме трошоците и да создадеме поефикасен пристап кон нашиот бизнис – објасни тој.
Вработените погодени од отпуштањата ќе бидат лично известени за оваа одлука, пишува CNN.
Фото: Facebook