Крај на една ера: Нема повеќе картички со магнетни ленти

87

Водечката технолошко-финансиска компанија MasterСard објави дека одлучила да престане со издавање картички со магнетни ленти, пренесува ВВС.

До 2033-та година, ниту една од дебитните или кредитните картички на MasterСard нема да имаат магнетна лента, а банките во многу региони, вклучувајќи ја и Европа, ќе можат да издаваат картички без ленти веќе од 2024-та година.

Веќе во 2006-та година, Обединетото Кралство се префрли на плаќање со картичка со помош на чип и ПИН, кој е широко користен низ остатокот од Европа, но магнетните ленти сѐ уште се користат во САД.

MasterCard тврди дека чип картичките како и новите биометриски картички кои користат отпечатоци од прсти нудат поголема сигурност.

Магнетната лента беше развиена во 1960 -тите како дел од проектот на IBM за создавање лични карти за персоналот на ЦИА.

Пандемијата, вели MasterСard, го истакна апетитот за различни начини на плаќање, а бесконтактните плаќања што можат да се извршат преку картичка или телефон се зголемија за повеќе од една милијарда трансакции во првиот квартал од 2021-ва година во споредба со истиот период од минатата година.