Најстарата американска занаетчиска пиварница, Anchor Brewing, а воедно и една од најистакнатите во светот, згаснува по долги 127 години во бизнисот.
Историската компанија Anchor Brewing во Сан Франциско, Калифорнија, САД, ќе се затвори и веќе нема да произведува пиво, објавија оттаму вчера. Со тоа се означува крајот на 127-годишното постоење на фирмата којашто ги надмина двете светски војни и големиот земјотрес во 1906 година.
Пиварницата губеше околу 10 милиони долари годишно откако корона-кризата значително влијаеше на нејзината работа.
Производството е официјално запрено, но пиварницата ќе работи до крајот на месецот и ќе ги дистрибуира преостанатите залихи.
Anchor Brewing е основана 1896 година, кога Ернст Барут и Ото Шинкел Јуниор купиле сала за правеење пиво во Сан Франциско. Првичната локација изгорела во пожар по земјотресот од 1906 година, но погонот бил преместен и компанијата продолжила со работа.
Anchor беше пионер во САД, правејќи занаетчиски пива во 1970-тите кога повеќето Американци беа лојални на неколку големи брендови. Неговите уникатни техники на пиво ја разгореа побарувачката надвор од градските граници на Сан Франциско и брзо стана барано пиво.
Минатата година, вкупниот обем на продажба на пиво се намали за 3,1% во САД, според Здружението на пивари.
Фото: Pixabay