Крај на една ера: Се затвора фабриката во која се произведуваше легендарната пегла

17

„Stellantis“ ја затвори традиционалната фабрика на „Fiat“ во полскиот град Биелско Биала, а без работа ќе останат 486 вработени – објави претседателката на синдикатот Солидарност Ванда Стржук, пренесува италијанската новинска агенција „ANSA“.

Станува збор за фабрика на некогашната компанија FSM (Fabryka Samochodów Małolitrażowych) која под договор со „Fiat“ уште во раните 70-ти од минатиот век го произведувала моделот „Fiat 126p“, кај нас познат како „пегла“.

Последните години оваа компанија била главно место за производство на дизелски мотори 1.3 мултиџет, што делумно и објаснува зошто се затвора.

Некои од 486-те отпуштени вработени би можеле да пронајдат работа во другите фабрики на „Stellantis“ во Полска.