Крај на една традиција: Зошто Ворен Бафет не донира кај Бил Гејтс?

Американскиот милијардер Ворен Бафет не донираше средства на Фондацијата Гејтс оваа година, туку наместо тоа насочи речиси шест милијарди долари во акции на компанијата „Беркшир Хатавеј“ кон четири фондации поврзани со членовите на неговото семејство, објави  „Волстрит џурнал“.

Бафет, кој беше еден од основачите на Фондацијата Гејтс и иницијативата „Заклетва за давање“ заедно со Бил Гејтс и Мелинда Френч Гејтс, донираше милијарди долари на хуманитарната организација секоја година, дури и откако го напушти одборот на директори во 2021 година.

Сепак, овој пат тој одлучи да почека за завршување на прегледот од страна на независни адвокати ангажирани од Фондацијата Гејтс за нејзините врски со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн, објави весникот.