Крај по 30 години: Полска го прекина увозот на руски гас

72

Полската влада објави дека ќе престане да увезува руски природен гас без да чека важечкиот договор да истече на крајот на 2022 година, пренесува RT. Заедно со Бугарија и Финска, Варшава одби да го прифати новиот механизам за плаќање базиран на руска рубља, воведен кон крајот на март.

„По 30 години може да се констатира дека односите во гасната индустрија меѓу Полска и Русија се прекинати“, изјави Пјотр Наимски, полски комесар за стратешка енергетска инфраструктура.

Барањето на Москва за плаќање во рубљи се однесува на земјите кои воведоа санкции кон Русија поради нејзината воена операција во Украина и ги замрзнаа девизните резерви на земјата.

Голем број европски енергетски компании се усогласија со новата руска шема за плаќање. Претходно овој месец, Брисел издаде ажурирани упатства за тоа како компаниите од ЕУ можат да плаќаат за рускиот гас во рубљи без да ги прекршат санкциите наметнати против земјата.