Кралицата Елизабета лансираше бренд на био производи

91

Англиската кралица Елизабета не мирува ниту на 96 години, а сега лансираше свој бренд со био производи.

Кралицата лансираше бренд со производи направени на нејзиниот имот во Норфолк. Сите потребни ресурси за производство се од имотот, а меѓу производите во брендот е и кралскиот кечап, пишува магазинот People.

„Идеален за појадок или кој било друг дел од денот“ – е слоганот на овој кечап.

Главната состојка е доматот, но овој кечап содржи и сок од јаболко и разни зачини.

Позната е и цената на овој популарен додаток, па шише од 300 милилитри чини околу девет долари.