Кралицата на бонбоните остави 41 милион фунти на својот град

67

Флитвуд, крајбрежен град во Велика Британија, доби донација од 41 милион фунти од Дорин Лофтхаус, бизнисменка која придонесе за успехот на бонбоната против кашлица, Fisherman’s friend.

Лофтхаус, која почина во март на 91-годишна возраст, го остави своето богатство на добротворна организација која има за цел да го развие нејзиниот роден град. Вкупно 41,4 милиони фунти и се оставени на фондацијата Лофтхаус, основана во 1994 година од Дорин Лофтхаус и нејзиното семејство за да го ревитализира градот, пишува Би-Би-Си.

Од 1990-тите, тие дадоа милиони фунти за проекти во заедницата во Ланкашир и Дорин Лофтхаус е позната како „мајката на Флитвуд“. Таа остана запаметена по бројните хуманитарни активности во заедницата во годините за кои беше наградувана, а по нејзината смрт жителите бараат да се изгради постојан споменик во нејзина чест.

Градскиот совет ја опиша донацијата како „неверојатна“.

Се надеваме дека фондацијата ќе работи заедно со нас за да идентификуваме проекти кои ќе имаат корист за градот во годините што доаѓаат. Треба да го задржиме Флитвуд на мапата. Се надевам дека ова ќе донесе повеќе посетители во нашиот град “, потпретседателката на градскиот совет на Флитвуд, Мери Стирзакер.