Кралот Чарлс Трети го тужи Твитер поради неплатена кирија во Лондон

81

Crown Estate, компанијата која управува со имотот на кралот Чарлс Трети, ја тужеше американската компанија Twitter, која е во сопственост на Илон Маск.

Причината за тужбата е што Твитер не ја плати киријата за седиштето во Лондон, јавува Би-Би-Си.

Откако претходно стапи во контакт со Твитер за неговите тврдења, Crown Estate се обрати и до судот во Лондон.

Британското кралско семејство поседува огромен имот вреден околу 17,68 милијарди фунти или околу 19,22 милијарди долари.

Британскиот монарх годишно добива 25 отсто од профитот што произлегува од овој имот. Лани изнесуваше 97,8 милиони евра.

Кралот Чарлс III, исто така, поседува повеќе од 18.000 хектари земјиште во Англија и Велс, вклучувајќи канцеларии и комерцијални згради во Лондон кои донесоа огромен профит во последната финансиска година.