Кралот на криптовалутите уапсен во Црна Гора

173

Црногорската полиција приведе лице за кое се сомнева дека е еден од најбараните бегалци.

Уапсен е јужнокорејскиот државјанин До Квон, ко-основач и извршен директор на Terraform Labs со седиште во Сингапур, напиша на Твитер министерот за внатрешни работи Филип Аџиќ. Тој изјави дека се чека официјална потврда на идентитетот, пренесува РТЦГ.

Поранешниот „крал на криптовалутите“, кој стои зад загуби од повеќе од 40 милијарди долари, е приведен на аеродромот во Подгорица со фалсификувани документи, а по него трагаат Јужна Кореја, САД и Сингапур“, изјави Аџиќ.

Фото: Facebook