Краставицата – одлична за хидрирање на кожата

98

krastavica-pixabay

Фото: Pixabay

Во тек е сезона на краставици, а еве и неколку добри причини зошто да ги конзумирате во изобилие.

Помага во варењето и слабеењето

Поради високата количина на вода и малиот број на калории, таа е идеална намирница за сите кои сакаат да ослабат некој килограм или да ја задржат посакуваната тежина. Конзумирајте ја свежа во секаков облик, во различни оброци.

Ги одмора очите

Поради своите анти-воспалителни својства, краставицата помага за елиминирање на подочниците и истовремено ги одмара очите.

Го хидратизира телото

Таа е составена од 90% вода, па ако ви здодее да пиете вода, земете краставица. Одлично ќе ја изгасне жедта.

Одлична е за изгореници

Ставете парчиња краставица на изгореното место и оставете ги да делуваат. Веднаш ќе почувствувате подобрување.

Ги елеминира токсините

Поради високата содржина на вода, таа му помага на телото да ги исфрли непотребните отрови и одлична е за разградување на камења во бубрезите.

Ги чува зглобовите

Силициумот во краставицата помага за зајакнување на сврзното ткиво, а доколку ја измешате со сок од морков, ќе ја намалите болката од артритис.