Виталик Бутерин, кој се прослави како ко-основач на криптовалутата Ethereum, верува дека плановите на корпорациите да создадат метаверзум ќе пропаднат.
Во својот твит тој истакна дека не постои ниту општоприфатена дефиниција за поимот метаверс, па сè уште е рано да се предвиди што најмногу ќе бараат потрошувачите од овој екосистем.
The “metaverse” is going to happen but I don’t think any of the existing corporate attempts to intentionally create the metaverse are going anywhere. https://t.co/tVUfq4CWmP
— vitalik.eth (@VitalikButerin) July 30, 2022
Во критиките за компаниите кои влегуваат во метаверс просторот, Бутерин ја спомена и компанијата Мета.
„Се што ќе создаде Фејсбук сега ќе пропадне“, напиша тој во твитот, истакнувајќи дека компаниите кои се фокусираат на метаверзумот најверојатно ќе пропаднат бидејќи сè уште е рано да се одреди што навистина сакаат луѓето.
Тој, сепак, истакнува дека метаверс ќе се формира во одреден момент, но дека нема да ја постигне својата цел.