Почетна Новости Европа Креаторот на вакцината против корона открива кога светот се враќа во нормала

Креаторот на вакцината против корона открива кога светот се враќа во нормала

518

Креаторот на првата вакцина против коронавирус, Угур Сахин, професор на Универзитетот Johannes Gutenberg и коосновач на биотехнолошката компанија BioNTech, верува дека ќе се вратиме во нормален живот до летото, вели научникот во интервју за Вечерњи лист.

На прашањето кога ќе заврши пандемијата Ковид-19, Сахин вели дека нема да заврши, но ќе можеме да ја контролираме.

“Не се сомневам дека ако сè оди добро во Европа, ќе постигнеме доволно контрола до септември, но ќе ја намалиме смртноста веќе во март и април. И тогаш ќе имаме помали епидемии бидејќи сè уште нема да бидат вакцинирани сите. Ќе треба да се научиме да живееме со таа ситуација. Ќе има силни инфекции од време на време, поради невакцинирање или имуносупресија, ќе мора да живееме со тоа, но ќе се вратиме на нормалниот живот најдоцна до летово, во тоа верувам. Треба да видиме колку долго ќе трае имунитетот по вакцинирањето. Имунитетот ќе падне, вирусот ќе се промени, па во одреден момент ќе сфатиме дека ни треба нова вакцина. Прашањето е дали тоа ќе биде пет месеци, 18 или две години. Ако видиме дека вакцината добро се толерира, дека нема сериозни несакани ефекти, би можеле да продолжиме да се вакцинираме секоја година, да бидеме сигурни. Тоа е една опција,“ вели научникот.

На прашањето дали неговата вакцина може да заштити од новите соеви на Ковид-19, Сахин рече дека досега е тестирана на британската варијанта, а наскоро ќе објави податоци за бразилската, како и за јужноафриканската.

“Во британската варијанта, нивото на заштита е исто, тоа е нешто пониско кога станува збор за јужноафриканските и бразилските варијанти. Но, тоа не е ништо што не загрижува. Важно е да се каже дека антителата се само едно ниво на заштита и има и други нивоа, ние сакаме да процениме како вирусот може да се промени и да направиме клиничка студија со една или две варијанти за да видиме колку често се случуваат овие промени“, вели тој.

Фото: Pixabay