Кредитирањето на компаниите во еврозоната во јуни е зголемено за 0,7 отсто

23

Кредитирањето на компаниите во еврозоната забрза во јуни, а се подобри и понудата на пари, покажаа податоците на Европската централна банка (ESB), што ја одразува релаксираната монетарна политика.

Кредитите на компаниите се зголемени во јуни за 0,7 отсто во однос на истиот месец лани, приближно двојно посилно од мај.

Стапката на раст е највисока од август 2023 година, пишува Хина.

На работ на стагнација беше и кредитирањето на домаќинствата во првиот летен месец, со стапка на раст од 0,3 отсто.

На почетокот на јуни, ЕЦБ ги намали клучните каматни стапки за првпат по четири години, за четвртина процентен поен, што укажува на намалување на инфлацијата.