Кремљ: Ако не плаќаат во рубљи, нема гас за Европа

69

Русија нема намера да се занимава со хуманитарна работа и бесплатно да обезбедува гас на Европа доколку земјите од Европската унија одбијат да го платат гасот во рубљи, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

На прашањето на американската телевизија PBS дали Русија ќе престане да извезува гас во Европа доколку земјите од ЕУ одбијат да платат во рубљи, Песков вчера изјави дека сè уште не е донесена конечна одлука, пренесува ТАС С.

„Не знам што ќе се случи кога ќе ја отфрлат оваа можност. Штом ќе ја донесеме конечната одлука, ќе видиме што може да се направи. „Дефинитивно, немаме намера да правиме хуманитарни акции од тоа и бесплатно да испраќаме гас во Западна Европа“, рече Песков.

„Без плаќање, нема гас“, изјави портпаролот на Кремљ во интервју за американската телевизија, пренесе ТАС С.

Запрашан колку Москва е загрижена поради фактот што некои од нејзините најдобри купувачи на гас, како што е Германија, „вртат грб на Русија“, тој додаде дека Кремљ не би сакал тоа навистина да се случи.

На 23 март, рускиот претседател Владимир Путин даде инструкции да се започне со наплата во рубљи за испорака на руски гас до „непријателските земји“, според ТАС С.