Одложените или откажаните летови на аеродромите многу често им создаваат проблеми на патниците, бидејќи треба многу време да поминат чекајќи.
Од таа причина, кинескиот меѓународен аеродром Хангжу Хионшан одвои простор од 309 метри квадратни, каде што патниците може да “дремнат“ додека чекаат, пишува China Daily.
Патниците имаат на располагање 38 кревети, од коишто 28 се од бизнис класата, а 10 таканаречени “капсули“ се донесени од Финска.
Четири часа дремка чини околу осум евра, а 1,30 евра за секој нареден час. Престојот од 22 часот до осум часот наутро може да чини околу 16 евра.