Крипто берзата Binance престанува да работи во Русија

Најголемата светска крипто берза, Binance, денеска објави дека го продаде целиот свој бизнис во Русија на компанијата CommEX без можност за откуп и дека со тоа престанува со работа во Русија.

Во соопштението се нагласува дека имотот на руските корисници во криптовалути е „безбеден и безбедно заштитен“, пренесува Комерсант.

Износот на трансакцијата не беше откриен, а процесот на префрлање на тековните клиенти на Binance на платформата ComEX ќе трае најмногу една година.