“Крипто кралот“ би можел да помине децении во затвор: Обвинителите велат дека изградил империја „на лаги“

74

Поранешниот извршен директор на крипто берзата FTX Сем Банкмен Фрид се појави на суд во Њујорк за да одговори на обвинувањата дека неговата неуспешна империја е „изградена на лаги“.

Обвинителите вчера пред судот изјавија дека поранешниот шеф на FTX украл милијарди од клиенти и инвеститори за да изврши голема измама.

Неговите адвокати ги отфрлија сите обвиненија и рекоа дека тој е „криптo крал“,  кој дејствувал со добра волја, пренесува Би-Би-Си.

Една од некогаш најсилните берзи е основана во 2019 година.

– Изгледаше како Бeнкмен-Фрид да е на врвот на светот. Се е изградено на лаги – рече обвинителката.

Како што пазарот на дигитални криптовалути се влоши минатата година, тој се вклучи како спасител за помалите фирми, поради што го доби прекарот „Кралот на крипто“.

Но, неколку месеци подоцна, тој беше уапсен и обвинет за измама откако FTX банкротираше со милијарди пријавени за исчезнати.

31-годишникот е обвинет дека користел средства од клиентите за да поттикне ризични инвестиции во неговата трговска фирма Аламеда Рисрч и за финансирање на екстравагантен начин на живот.

Доколку биде прогласен за виновен, се соочува со децении затвор. Обвинителите велат дека Бенкмен – Фрид зел повеќе од 10 милијарди долари од клиентите на FTX.

– Направи огромна измама и зеде милијарди долари од илјадници жртви – изјави еден од обвинителите.

Бенкмен-Фрид во интервјуа за медиумите призна дека имало лошо управување со фирмата, но негираше дека присвоил какви било средства.

– Не е кривично дело да се биде извршен директор на компанија која подоцна поднесе барање за стечај – изјави неговиот адвокат, Коен.

Четворица од неговите најблиски деловни сојузници, вклучувајќи ја и поранешната девојка и поранешен извршен директор на Аламеда, Керолин Елисон, веќе се изјаснија за виновни. Се очекува тројцата да сведочат против него.