Децентрализираниот финансиски сектор (DeFi) регистрираше уште еден хакерски напад, пренесува сајтот за криптовалути Invezz. Хакерскиот напад се случи во MonoX, дигитална платформа која служи како снабдувач на ликвидност за DeFi и нуди „пулови“ (базени за ископување криптовалути – групи на „рудари“ кои ги споделуваат своите пресметковни ресурси. Базените ги користат овие комбинирани ресурси за да ја зајакнат веројатноста за наоѓање блок или на друг начин за успешно ископување криптовалути – н.з.) со единечни токени.
Првичните бројки покажуваат дека хакерите заплениле различни криптовалути вредни повеќе од 30 милиони долари.
Ова е најновиот од серијата напади на DeFi платформите кои се случија оваа година. Повеќе од 500 милиони долари се украдени само во последната половина од оваа година.
MonoX тврди дека хакирањето било извршено со користење на „метод во договорот за размена што ја подигнал цената на токенот MONO на рекордни височини“. Во објаснувањето се наведува дека цената на MONO токените е вештачки конфигурирана со поголема вредност, што им овозможило на хакерите да го користат токенот за да купат други криптовалути по пониски цени.
Средствата украдени од протоколот вклучуваат Wrapped Ethereum во вредност од 18,2 милиони долари и Polygon во вредност од 10,5 милиони долари.
Други токени украдени за време на ова хакирање вклучуваат DUCK, IMX, GHST, LINK, MIM и WBTC.
Во соопштението, MonoX им упати на своите клиенти „најискрено извинување за инцидентот“ и ги увери дека целиот нивен тим работи на подобрување на безбедноста на потрошувачите.
DeFi хаковите се во пораст во последните месеци. Некои од најновите хакови ги вклучуваат pNetwork, од кои беа украдени 12 милиони долари. Друго такво прекршување беше пријавено на SushiSwap, каде беа украдени 3 милиони долари. Сепак, најголемиот хак на DeFi оваа година беше во мрежата Poly, од која хакер украл 600 милиони долари.











