Криптовалутите не се одговорност на централните банки во светот

50

Гувернерот на хрватската народна банка (ХНБ), Борис Вујчиќ смета дека криптовалутите, вклучувајќи ги биткоинот и етереумот, не се валути, туку се еден вид на имот.

“Тоа не е валута, туку имот, исто како нафтата или пченицата“, рече Вујчиќ.

Бидејќи не се валути, според него, криптовалутите не се одговорност на централните банки ширум светот. Гувернерите не поддржуваат инвестирање во биткоин, етер или други криптовалути, бидејќи централната банка не ја гарантира нивната вредност.

“Дали да инвестирате во биткоин е прашање што треба да го поставите на советници за инвестиции. Тоа е исто како да ме прашувате дали треба да инвестирате, на пример, во злато или нешто друго. Значи, им велам на оние што прашуваат дали треба да инвестирате во криптовалути, тоа вие знаете, инвестирајте слободно, но не доаѓате подоцна кај мене да се жалите“, пластично објасни Вујчиќ.

Хрватската народна банка во средата ги предупреди инвеститорите во криптовалути дека овие средства во моментов имаат карактеристики на шпекулативни инвестиции, во кои ризикуваат да изгубат дел или целата своја инвестиција, без да уживаат никаква правна заштита.

Фото: Facebook