Kриптовалутите во зелено, биткоинот вреди 38.018 долари

42

По вчерашниот благ пораст на вредноста, пазарот на криптовалути утрово забележа нешто поголемо зголемување до 9%.

Врз основа на податоците објавени од страницата Coindesk, биткоинот ова утро (10:30) вреди 38.018 долари, што е раст од 9,5% во последните 24 часа.

Етереумот се тргува утрово по цена од 2.328 долари, а за 24 часа, вредноста се зголеми за 6,30%.

Фото: Pixabay