Европската централна банка (ЕЦБ) е сè поубедена дека ќе ја скроти инфлацијата во еврозоната, изјави претседателката на таа организација Кристин Лагард во обраќањето пред Европскиот парламент во Брисел.
„Инфлацијата може привремено да порасне во четвртиот квартал од оваа година, но најновите настани ја зајакнуваат нашата верба дека таа навремено ќе се врати на посакуваните вредности, односно одржливо до два отсто“, изјави Лагард.
Таа додаде дека Европската централна банка ќе ги земе предвид тековните случувања на следниот состанок за монетарната политика во октомври, пренесува Bloomberg.