Кристофер Вокен е најморничавиот кројач во светот

12

reklama

Каде и да се појави, актерот Кристофер Вокен не може да помине незабележано. Оскаровецот овој пат импресионира во рекламите што данскиот произведувач на облека Jack & Jones ги сними за својата кампања “Направено од кул” (Made From Cool), во режија на Мартин Вернер.

И покрај тоа што не кажува ниту еден збор, чудниот кројач создава неверојатна тензија и хипнотичка атмосфера, во која одлично се вклопува музиката на Nick Cave and the Bad Seeds, We Real Cool, од последниот албум Push the Sky Away. Во тоа можете да се уверите и сами, доколку ги погледнете следните неколку видеа: