Кризата ништо не му може на пазарот на луксузни недвижнини во Париз

24

И покрај трикратниот воведен карантин, одложената програма за вакцинирање, затворени граници и запрена продажба на станови на неколку недели во второто тримесечје од 2020 година, пазарот на луксузни имот во Франција забележа пораст на цените од 1,3% минатата година, а продажбата се зголеми за 5% за шест месеци до март оваа година, покажуваат податоците на консултантската компанија Knight Frank.

“Француските купувачи доминираа во продажбата минатата година, бидејќи беа воведени рестриктивни мерки за патување и затворени граници. Во 2020 година, 60% од договорената продажба на луксузни недвижнини во Франција се однесуваа на купувачи од Франција или странски државјани кои живеат во земјата. Тоа е најголем удел досега“, вели Кејт Еверет Ален, партнерка во истражувањето на Knight Frank.

Иако Париз претпре сериозни последици поради пандемијата, цените на луксузните недвижнини во француската престолнина се намалија само за 2,3% во 2020 година, а официјалните бројки покажуваат на благ пораст на семејства кои од центарот се преселиле на периферија на градот.

Фото: Pexels