Крка планира 160 милиони евра инвестиции

73

krkaСловенечката фармацевтска компанија Крка до крајот на годината очекува благ раст на приходите од продажба, од 1,24 на 1,2 милиони евра, а притоа смета на чист профит во висина од 160 милиони евра, скоро исто како минатата година, пишува Финанце.

Според претседателот на управата Јоже Цоларич, следната година, кога компанијата ќе го прослави 60-тиот роденден, сакаат да отворат околу 500 нови работни места и да обезбедат средства за инвестиции во висина од 160 милиони евра.

“Тајната на успехот на Крка е во вистинската компанијација на знаење и напорна работа”, изјави Цолариќ во Ново Место на бизнис форум во организација на Финанце.

Во Крка сега се вработени 10.000 луѓе, од кои повеќе од половина работат надвор од Словенија.