KrkaKids – едукативна апликација за најмладите во Националниот парк Крка

23

krka

Фото: Krka

Јавната установа Национален парк Крка претстави едукативна апликација за најмладите посетители на водопадот Скрадински бук, наречена KrkaKids.

Мобилната апликација е наменета за деца од претшколска возраст и ученици од основно училиште, кои преку игра ќе се движат низ едукативната патека на знаење во паркот.

Концептот на таканаречената проширена реалност, што се користи во апликацијата, е современа надградба на едукативната патека на знаење и се додаваат нови и побогати дигитални содржини, видливи на паметните телефони на одбрани локации. Корисниците на влезот на Скрадински бук ќе може бесплатно да ја преземат апликацијата и за време на посетата да учествуваат во едукативната игра. Шетајќи по едукативната патека, посетителите преку своите паметни телефони ќе одговараат на природни, културно – историски и еколошки прашања за паркот Крка.

“Целта на играта е подигнување на свеста кај децата за еколошките проблеми од најрана возраст. Ние сакаме децата да ја прошетаат едукативната патека, да го запознаат Скрадински бук, добро да се забавуваат и да научат, а ние за тоа ќе ги наградиме“, вели Крешимир Шакиќ, управител на Националниот парк.

Ако ја поминат целата едукативна патека и точно одговорат на сите прашања, посетителите ќе освојат награда.

Апликацијата KrkaKids е достапна за Android и  IOS уредите.