Кроациа Осигурување – Живот со нова мултифункционална web страна

28

cro

Согласно изградените стандарди на иновативна компанија која ги следи технолоштките трендови, Кроациа Осигурување – Живот ја промовираше својата нова веб страна.

Веб страницата претставува суштинска промена на концептот на презентација на сите производи, проекти, активности, настани, документи, информации, а истата е во согласност со воспоставените стандарди на Групацијата Croatia Osiguranje.

“Основната идеја во креирањето на новата web страна беше да го усовршиме комуницирањето со сите наши корисници. Креиравме web страна која пласира јасни, прецизни, транспарентни и визуелни информации, притоа истовремено нудејќи техничка можност за следење на состојбата на полисите, како и можност за on line плаќање”, велат од компанијата.

Оваа веб страна овозможува постојано да бидете во тек со сите активности и проекти кои ги превзема Кроациа Осигурување – Живот, како и да се запознаете со осигурителна програма на водечката осигуритрлна компанија за животно осигурување во земјава.  Дополнително, веб страницата нуди можност за индивидуални пресметки за осигурување согласно Вашите потреби и можности, можност да аплицирате за осигурување, како и да се запознаете со можностите за вработување.

Web страницата Ви овозможува од удобноста на Вашите домови преку неколку клика да: направите информативни пресметки за животно осигурување за себе и своето семејство; аплицирате за осигурување; проверите статус на Вашата полиса преку Мy Cro Account апликацијата; пријавите штета; аплицирате за Застапник за осигурување; се информирате за можностите за деловна соработка со Кроациа Осигурување – Живот.

Од компанијата очекуваат новиот дизајн и концепт на web страната да наиде на позитивни реакции од страна на постојните и потенцијалните осигуреници. Изјавувајќи дека главна цел е да обезбедат побрз, поквалитетен и интерактивен проток на информациите, повикуваат на активно следење на веб страната и достава на предлози и барања преку комуникациските можности кои Ви ги нуди истата.

Побрзајте и кликнете на www.cro.mk.