Кроациа Осигурување – Живот воведе Call Centar – Help desk

22

kroacia

Довербата и лојалноста која ја добиваат од Вас, за Кроациа Осигурување – Живот АД претставува огромна одговорност, затоа секојдневно работат на унапредување на квалитетот на услугите кои Ви ги овозможуваат. Во насока на постојано подобрување на грижата за корисници, од 01.12.2015 година Кроациа Осигурување – Живот воведува Call Centar – Help desk.

Отсега, скратениот телефонски број 15510 Ви е на располагање за сите потребни информации секој работен ден од 08 – 20 часот.

Телефонските оператори на Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје се тука да Ви помогнат и навремено да Ве информираат за:

  • Вашите уплати на премија по полисата за животно осигурување
  •  Вашите доспеани рати за полисата за животно осигурување
  •  Продажните акции кои ги спроведува Кроациа Осигурување – Живот
  •  Како до најповолно и најдобро животно осигурување
  • Кои наградни програми ги спроведува Кроациа Осигурување – Живот, како и за многу други проблеми и прашања со кои ќе се соочите.

Од Кроациа Осигурување Ви благодарат за довербата и го очекуваат Вашиот повик!