Кроација осигурување останува во хрватски раце

28

COХрватската влада на вчерашната седница ја прифати понудата на Адрис група од Ровињ за купување на удел во Кроација осигурување, која за 39,05% акции понуди 118,5 милиони евра, односно 970,45 евра по акција. Адрис група понуди и докапитализација од 110 милиони евра.

Вториот наддавач, полскиот осигурувач PZU, за 44,27% акции понуди 109 милиони евра или 800 евра по акција и докапитализација од 51 милиони евра.

Владата го задолжи Министерството за финансии да започне преговори со избраниот инвеститор со цел да се потпише договор за купопродажба на акциите и акционерски договор кој се однесува на Кроација осигурување.

Кога ќе заврши докапитализацијата, Адрис група ќе има 60% сопственост, а Владата 28%.